Македонија Намалена видливост на Стража поради магла

Намалена видливост на Стража поради магла

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Гајре, до 50 метри и на планинскиот превој Стража од 80 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.