Македонија Намалена видливост на патните правци Тетово – Шапка, Велес – Катланово и...

Намалена видливост на патните правци Тетово – Шапка, Велес – Катланово и Градско – Прилеп

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Тетово – Попова Шапка од 30 до 40 метри, до 50 метри на патниот правец Велес – Катланово и до 100 метри на патниот правец Градско – Прилеп.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, како и на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.