Македонија Намалена видливост на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Намалена видливост на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Сообраќајот низ државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на густа магла, намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 30 до 50 метри, како и на планинскиот превој Ѓавато, од 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодена брзина на движење според условите на патот.