Економија Намален бројот на работници во индустријата во октомври во однос на лани

Намален бројот на работници во индустријата во октомври во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во октомври во однос на истиот месец лани е намален за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во првите десет месеци годинава во однос на истиот период лани бројот е зголемен за 0,3 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во октомври во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,8 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се забележува пораст од 0,6 отсто.