Подглавна секција Најмалку тројца руски офицери загинаа во експлозија во Мелитопол

Најмалку тројца руски офицери загинаа во експлозија во Мелитопол

Експлозијата се случила за време на состанок, кој во саботата го имале руските офицери во Мелитопол. Овој град стана центар на руските сили откако тие го освоија уште во почетокот на војната

Фото: Укринформ

Најмалку тројца руски офицери беа убиени при експлозија во украинскиот град Мелитопол кој се наоѓа во областа Запорижја, кој што е контролиран од Москва, пренесе „Гардијан“. Украинските разузнавачки служби соопштиле дека ова е „чин на одмазда“ на локални групи на отпор.

Во соопштението на украинското разузнавање се вели дека на состанокот во саботата присуствувале офицери на руската Национална гарда и разузнавачката служба ФСБ.

Експлозијата се случила за време на состанок, кој во саботата го имале руските офицери во Мелитопол. Овој град стана центар на руските сили откако тие го освоија уште во почетокот на војната.

„Ова е чин на одмазда, извршен од претставници на локалното движење на отпорот“, соопштија во одделот за разузнавање на украинското Министерство за одбрана.

„Непријателот ништо не учи и продолжува да организира состаноци таму“, изјави за украинска телевизија Иван Федоров, прогонетиот градоначалник на Мелитопол.

Украина изврши голем број напади врз Мелитопол, каде што живееја околу 150.000 жители. Градот стана клучен за одбраната на Москва на окупираните територии на југот од Украина. Украинските медиуми соопштија дека нападот минатата недела врз окупираниот град Скадовск во Херсонската област, исто така, бил насочен кон руски офицери.