Свет Најмалку осуммина удавени по потонување на брод во Индонезија

Најмалку осуммина удавени по потонување на брод во Индонезија

Најмалку осум лица ги загубиле животите, а 13 се водат за исчезнати откако брод со 48 патници, меѓу кои и деца, потонал денеска покрај брегот на индонезискиот остров Калимантан.

Останатите патници се спасени. Бродот пловел од Танџунг до Таракан од индонезиската страна на островот Борнео, каде се превртел и потонал.Засега не е позната причината за несреќата.