Свет Најмалку двајца загинати и седумдесетина затрупани во рудник во Иран

Најмалку двајца загинати и седумдесетина затрупани во рудник во Иран

Најмалку двајца загинати, десетици повредени и седумдесетина затрупани рудари, е досегашниот епилог на експлозијата во рудник за јаглен во Североисточен Иран, јавуваат светските медиуми.

Досега од рудникот Земестанјорт кај градот Азадсхар во провинцијата Голестан се извлечени 26 рудари, а десетици сè уште под земја.

Според властите, дошло до екплозија на насобран метан. Неколку од спасувачите биле извлечени на површината откако почнале да се задушуваат, бидејќи во рудничките ходници и по експлозијата имало големо количество метан.

Ова е втора голема несреќа во рудникот Земестанјорт во изминатава година. Во идентична експлозија во јули лани, загина еден рудар, а двајца беа повредени.