Свет Најмалку 70 загинати во напад на ИД на верски храм во Пакистан

Најмалку 70 загинати во напад на ИД на верски храм во Пакистан

Најмалку 70 луѓе се убиени, а 150 се ранети во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во верски храм на југот на Пакистан, соопштила пакистанската полиција, јавуваат светските медиуми.

Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката организација Исламска држава (ИД).

Според пакистанската полиција, напаѓачот го активирал експлозивот, кој се наоѓал под неговата јакна, додека верниците го изведувале традиционалниот танц во дервишкиот храм Лал Шанбаз Каландар, во градот Сехван, во провинцијата Синд.