Свет Свет Најмалку 30 лица загинаа, а 15 се повредени во автобуска несреќа во...

Најмалку 30 лица загинаа, а 15 се повредени во автобуска несреќа во Непал

Најмалку 30 лица загинаа, а 15 се повредени во автобуска несреќа што се случила во близина на Катманду, соопштила полицијата. Автобусот излетал од патот во реката Тришули, која е позната по брзите и силни водени струи.

На теренот се припадници на војската и нуркачи, кои се обидуваат да ги пронајдат телата на патниците.

– Досега извлековме 30 тела и веруваме дека сè уште има заглавени во потонатиот автобус – соопштиле локалните власти.

Причина за сообраќајните несреќи во Непал се неодржувањето на патиштата, особено во планининските области, и лошата состојба на возилата.