Свет Свет Најмалку 28 лица загинаа, а 50 се повредени при експлозија на две...

Најмалку 28 лица загинаа, а 50 се повредени при експлозија на две бомби во Багдад

Две бомби експлодираа на пазар во центарот на Багдад, при што загинаа најмалку 28 лица, а повредени се повеќе од 54 лица, соопшти ирачката полиција.

Според последните информации од локалните власти, двете експлозии биле предизвикани од бомбаши самоубијци.

Претходно денеска избувнаа уште две експлозии во Багдад, во кои загинаа седум лица.