Свет Свет Најмалку 19 лица загинале во снежното невреме во САД

Најмалку 19 лица загинале во снежното невреме во САД

Најмалку 19 лица загинале во невремето со обилни снежни врнежи во САД. Снегот и ветрот парализирале најголем дел од источниот брег на земјата, во Вашингтон наврнале 61 сантиметар снег, а во Њујорк наврнале рекордни 68 сантиметри, така што патиштата, мостовите и тунелите биле затворени.

Најголем дел од починатите настрадале во сообраќајни несреќи, а некои од нив додека го расчистувале снегот и од хипотермија.

На брегот на Њу Џерси невремето предизвикало големи бранови, кои предизвикале поплави. Вонредна состојба е прогласена во Њујорк и во Вашингтон.

Снегот оставил без струја околу 150.000 потрошувачи и 90.000 домови во Северна Каролина. Летовите се откажани до понеделник.