Свет Најмалку 17 загинати и 50 ранети при експлозија во Багдад

Најмалку 17 загинати и 50 ранети при експлозија во Багдад

Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 50 се ранети кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во толпа шиитски муслимани во Багдад.

Експлозијата се случила во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитски ритуали ашура, кои го претставуваат оплакувањето на Хусеин, внук на пророкот Мухамед.

Светските медиуми наведуваат дека шаторот бил поставен на пазар преполн со луѓе во северен кварт на ирачката престолнина.