Видео Најмалку 160 лица загинаа при уривање на покрив на црква во Нигерија

Најмалку 160 лица загинаа при уривање на покрив на црква во Нигерија

Најмалку 160 лица загинаа кога покров на една црква на југот во Нигерија се урна врз верниците, соопштија денеска властите. Се очекува бројот на загинати да се зголеми.

Црквата која се урнала во градот Ујо, во нигериската сојузна држава Аква Иба, била во изградба, а работниците се брзале да ја дозавршат изградбата за да биде готова за церемонијата на која основачот на црквата, Акан Викс, требало да биде прогласен за бискуп.

Во моментот на падот на металната конструкција, во црквата се наоѓале повеќе од стотина верници, меѓу кои и Викс, како и еден владин претставник, кои останале неповредени.

За причините за несреќата ќе биде поведена истрага, за да се утврди дали се испочитувани стандардите при градење на објектот.

Уривањето згради во Нигерија се случува многу често, поради корупција при склучување на договорите за градење, користење на нестандардни материјали, како и поткуп на инспекторите кои вршат надзор.