Свет Свет Најмалку 16 загинати во напад во Сирија

Најмалку 16 загинати во напад во Сирија

Најмалку 16 цивили, меѓу кои и осум деца загинале денеска во нападите во Рака, на северот на Сирија, соопшти денеска сириската опозициска Опсерваторија за човекови права и додаде дека не се знае кој е одговорен за тие напади.

– Бројот на жртви би можел да биде поголем, бидејќи во нападот се повредени и исчезнати околу 40 лица – информираат од оваа организација.

Русија во понеделникот соопшти дека повлекува поголем дел од својот воен контингент од Сирија, по шест месеци воздушни напади на џихадистите.