Свет Свет Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Чад

Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Чад

Во главниот град на Чад, Нџамена, загинаа најмалку 11 лица, а тројца се ранети во напад на бомбаш-самоубиец. Меѓу загинатите има пет полицајци, а другите настрадани се екстремисти.

Министерот за јавна безбедност на Чад, Абдерахим Биреме Хамид, за нападот ги обвини екстремистите, додавајќи дека „мозокот“ на операцијата е уапсен.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но постојат сомнежи дека бил подготвен од исламистичката милитантна група Боко харам од соседна Нигерија, која и порано ги напаѓала селата во Чад на брегот на езерото што ги дели двете земји.