Свет Балкан Најмалку 11 загинати лица во автобуска несреќа на автопат во Хрватска

Најмалку 11 загинати лица во автобуска несреќа на автопат во Хрватска

Фото: Suradnik13 - Сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=3540578

Автобус со полски регистарски таблички излетал од автопатот А4 околу 5:40 часот утрово, при што во несреќата загинале најмалку 11 патници и 25 се потешко повредени, јавува Index.hr. Хрватската радио-телевизија пренесува дека несреќата се случила помеѓу населените места Јарек Бисашки и Подворец, а првичните сомнежи се дека возачот на автобусот заспал што довело до несреќата.

Вкупниот број на повредени лица е 34, а на местото на несреќата пристигнаа хрватските министри Давор Божиновиќ и Томо Медвед. Најголем дел од повредените се хоспитализирани во општата болница во Вараждин. Автопатот А4 во правецот кон Загреб е затворен за сообраќај поради автобуската несреќа, јавуваа хрватските медиуми.