Свет Европа Најбараниот терорист во светот, Абдеслам, е ранет и уапсен во Брисел

Најбараниот терорист во светот, Абдеслам, е ранет и уапсен во Брисел

Белгискиот државен секретар за азил и за миграција, Тео Франкен, потврди дека во Брисел денеска е уапсен Салах Абдеслам, водачот на терористичките напади во Париз.

Абдеслам најпрво бил ранет, а потоа и уапсен во драматична полициска акција во Моленбек, предградие на Брисел кое е засолниште на исламистите.

Белгискиот премиер Шарл Мишел и францускиот претседател Франсоа Оланд заедно го напуштиле состанокот на лидери на ЕУ за мигрантската криза и разговарале за полициската операција.