Македонија Надзор во битолската болница по смртта на новороденчето, директорот поднесе оставка

Надзор во битолската болница по смртта на новороденчето, директорот поднесе оставка

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршува вонреден инспекциски надзор, а Комисијата за стручен надзор е задолжена да го направи надзорот за текот на лекувањето на починатото новороденче

Фото: Клиничка болница Битола

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово од морални причини поднесе неотповиклива оставка до Министерството за здравство.

Тој оставката ја најави уште вчера, а денеска беше поднесена и официјално, а истата следува откако во битолската болница на Одделението за гинекологија почина новороденче.

Денеска, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршува вонреден инспекциски надзор, а Комисијата за стручен надзор е задолжена да го направи надзорот за текот на лекувањето на починатото новороденче.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера ја посети Клиничката болница Битола за да увиди што се случило и се сретна со родилката на која ѝ изрази сочувство.

Претходно, д-р Обедниковски, објави дека починатото новородено доживеало брадикардија за време на породувањето, што довело до неговата смрт.

Почина новороденче во битолската болница, инспектори ќе ги испитуваат причините за смртта