Дописници Надзор на буџетската транспарентност на Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и...

Надзор на буџетската транспарентност на Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и на Вевчани

Во Струга утре ќе бидат презентирани наодите од квартален надзор на буџетската транспарентност на општините Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и Вевчани. Со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, надгледувањето го вршат Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација, заедно со ЦОРЗ од Дебар.

– Сакаме да ги посочиме наодите од кварталниот надзор на буџетската транспарентност за дел од општините од Југозападниот плански регион и да отвориме дискусија за начините за нејзино зголемување. Притоа, ќе бидат изнесени искуствата кои локалната организација ги има стекнато во текот на надгледувањето на буџетските процеси на општините, позитивните практики од соработката со општините, како и забелешките кои локалната организација ги има за поминатиот квартал – информираат организаторите.