Свет Повеќе од 50 загинати во напад на џамии во Јемен

Повеќе од 50 загинати во напад на џамии во Јемен

Најмалку 55 лица загинаа, а десеттици се ранети во трите напади на бомбаши-самоубијци во две џамии во Сана, извршени за време на пладневната молитва.

Како што јавуваат светските медиуми, првата бомба експлодирала во џамијата „Бадр“, додека втората на влезот, во моментот кога луѓето почнале да бегаат.

Третиот бомбаш-самоубиец се разнел во џамијата „Хашахуш“, во северниот дел на Сана.