Дописници На вевчанци конечно им „светна“!

На вевчанци конечно им „светна“!

По пет дена и ноќи поминати во мрак, меѓу кои и новогодишната, на вевчанци конечно им „светна“! ЕВН ги приклучи на редовен систем за снабдување со електрична енергија.

– Задоволни сме и среќни што, ете, доживеавме да се порадуваме на електрична енергија во 21 век. Во Вевчани уште во 40-тите години на минатиот век имало електрично напојување. За ова време можеа и нова електрична централа да направат – велат секогаш расположените, ама овојпат помалку и гневни вевчанци.

Вработен во локалната самоуправа на Вевчани, во новогодишна „честитка“ што ја испрати до ЕВН преку својот фејсбук-профил, меѓу другото напиша: „Цел живот да им помине во темница на сите тие што не успеаја да го отстранат дефектот“.