Главна секција На „Твитер“ за прославата: Ало Влада, истресете го ВМРО од себе!

На „Твитер“ за прославата: Ало Влада, истресете го ВМРО од себе!

Голем број на граѓани на социјалните мрежи реагираа на најавената „граѓанска прослава“ на Владата по повод поканата за почеток на пристапните преговори за членство во НАТО. Прославата ќе се одржи во сабота во 15 градови, а ќе настапуваат 40 музичари меѓу кои Кирил Џајковски, Дуке Бојаџиев, Фолтин, Архангел, Љубојна, Нокаут, Ферус Мустафов, Владо Јаневски, Ареа и други.

Граѓани револтирано прашуваат колку чини прославата и кој ќе го плати хонорарот на учесниците, а дел од нив владеењето на СДСМ и организацијата на прослави го споредија со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.