Македонија На Табановце приведен Грузиец, на граничарите им понудил поткуп од 20 евра

На Табановце приведен Грузиец, на граничарите им понудил поткуп од 20 евра

Во приложените документи за пасошка контрола, приведениот ставил банкнота од 20 евра. Утврдено било и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван

Извор на фотографија: Влада на РСМ (јули 2020)

Полициски службеници вчера на преминот Табановце на границата со Србија привеле граѓанин на Грузија. 39-годишниот Р.Ш., при влез во државата, сторил кривично дело „нудење поткуп“.

На граничниот премин дошол со патничко возило „Киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во документите за пасошка контрола што им ги приложил на службениците, ставил банкнота од 20 евра.

Грузиецот е лишен од слобода, а утврдено било и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван.

Од полицијата најавија соодветни пријави.