Македонија На планините сонце, во котлините магла и постудено време

На планините сонце, во котлините магла и постудено време

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност на планините и на повисоките места и ќе дува слаб ветер од јужен правец, а во котлините ќе има појава на магла и ќе преовладува тивко и постудено време.

Утринската температура се движи од -8 до -1 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно тивко и магливо. Максималната дневна температура во главниот град ќе достиге до 6 Целзиусови степени.