Економија На пазарот на трудот има 6.649 слободни работни места

На пазарот на трудот има 6.649 слободни работни места

На пазарот на трудот бројот на слободни работни места изнесува 6.649, објави Државниот завод за статистика.

Најголем број слободни работни места има во секторот преработувачка индустрија, каде што се потребни 1.692 работници.

Во трговијата на големо и на мало потребни се 1.667 работници, а потоа е секторот градежништво, за кој се потребни 793 работници.