Македонија На местото на Јовески, избрана е Соња Симовска како в.д. републички јавен...

На местото на Јовески, избрана е Соња Симовска како в.д. републички јавен обвинител

Симовска ќе ја врши функцијата до изборот на нов републички јавен обвинител, за што процедурата треба да оди преку Владата и Собранието

Фото: Мета.мк

Обвинителката Соња Симовска денеска беше избрана за в.д. републички јавен обвинител и ќе дојде на местото на Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители денеска ја избра Симовска, која доаѓа на местото на Јовески поради истекот на неговиот шестгодишен мандат.

Симовска ќе ја врши функцијата до изборот на нов републички јавен обвинител, за што процедурата треба да оди преку Владата и Собранието. Таа ќе ја презеде функцијата од Јовески во понеделник.

Соња Симовска беше избрана како предлог на претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, а едногласно беше изгласана од сите членови. Таа работела како приправник во скопското обвинителство, а потоа и како обвинителка во ОЈО Скопје. Од 2009 до 2021 била виша обвинителка во Скопје, а од почетокот на 2022 е дел од републичкото обвинителство.