Свет На либискиот брег пронајдени 40 тела

На либискиот брег пронајдени 40 тела

Либиската организација Црвена полумесечина соопшти дека во близина на пристаништето Злит и Хомс на брегот се пронајдени 40 тела, кои најверојатно се жртви на минатонеделниот бродолом.

Портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Џоел Милман, наведе дека нема никакви информации за тоа каде и на кој начин луѓето починале.

Најмалку 3.175 мигранти и бегалци ги загубија своите животи оваа година, обидувајќи се да го преминат Медитеранот, а најголемиот дел од нив на патот од Либија кон Италија.

Вчера на брегот на Либија, 160 километри источно од Триполи, пронајдени беа 26 тела, соопштија од Црвена полумесечина.