Свет Балкан На Косово уапсени седум лица поради трговија со луѓе

На Косово уапсени седум лица поради трговија со луѓе

Седум лица се уапсени во Пеќ, под обвинение дека сториле кривично дело трговија со луѓе.

По налог на обвинителството, извршена е контрола на едно кафуле во Пеќ, затоа што постоеле сомнежи дека се врши незаконска активност трговија со луѓе и таму била идентификувана една жртва, се наведува во соопштението на полицијата.

Меѓу уапсените е еден жител на Косово, еден државјанин на Албанија и пет Албанки на кои им била изречена мерка притвор во траење од 48 часа.

Полицијата запленила 1.195 евра, седум мобилни телефони и тетратка со податоци.