Дописници На Ќафасан спречен шверц на 105.000 евра

На Ќафасан спречен шверц на 105.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување голема сума девизи од земјава. Пронајдени се кај 38-годишен македонски државјанин, при негов излез од државата.

На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но дека со себе носи околу 2.000 евра.

Поради сомневање во изјавата, било пристапено кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џебот од неговата облека се пронајдени пријавените 2.000 евра, а во рачната торба која ја носел преку рамо уште 105.000 евра за кои лицето не поседувало никаков документ.

Царината одзела 105.000 евра.

Против прекршителот е поведена прекршочна постапка.