Свет Свет На Ирак му се потребни 500 милиони долари за хуманитарни акции

На Ирак му се потребни 500 милиони долари за хуманитарни акции

Хуманитарните организации побараа да се соберат 500 милиони долари за Ирак, соопшти денеска УНИЦЕФ, во пресрет на меѓународниот состанок во Париз посветен на ситуацијата во Ирак и во Сирија.

– Хуманитарната ситуација во Ирак се приближува до катастрофа! Итно ни се потребни дополнителни средства за да продолжиме да работиме во земјата – рече претставникот на УНИЦЕФ во Ирак, Филип Хефлинк.

Според податоците на ОН, итна хуманитарна помош е потребна за околу осум милиони лица во Ирак. Три милиони Ирачани морале до јуни минатата година да ги напуштат своите домови поради офанзивата на Исламска држава.