Македонија На граничните премини со Грција се чека до еден час, информираат од...

На граничните премини со Грција се чека до еден час, информираат од АМСМ

На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека еден час, а на граничниот премин кај Дојран, се чека околу 30 минути, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

На другите гранични премини, нема подолги задржувања. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

 Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.