Македонија На „Фејсбук“ за Иванов: Македонија е опасно место за живеење

На „Фејсбук“ за Иванов: Македонија е опасно место за живеење

„Се подлабоко и подлабоко ми е срам што имаме ваков фикус“, „Овој човек раскрстил со реалноста“, „Со специјалното обраќање Иванов денес ја отвори туристичката сезона со информации дека Македонија е опасно место за живеење“, „Што Груевски мисли, Иванов зборува“… Ова се само дел од реакциите што вчера се појавија на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ по обраќањето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое тој ги критикуваше граѓанските организации, СДСМ, странските партнери на Македонија и Специјалното јавно обвинителство.

Хорхе имал личен углед, така он вика. Моја Лунче е поугледна бе у маало, и плус има интегритет. Ко ќе лае на сите им е мило што им се обратила со став – Билјана Секуловска.

Вековната „Што трезен мисли, пијан зборува“ се промени… сега е „Што Груевски мисли, Иванов зборува“ – Томислав Кежаровски.

Кога една будала ќе стане претседател на држава на таа држава не и се пишува добро. Со специјалното обраќање Иванов денес ја отвори туристичката сезона со информации дека Македонија е опасно место за живеење и дека сме само на чекор од правото на една пароноидна будала да ја употреби армијата за заштита на криминалот на власта – Ѓорги Спасов.