По вчерашното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во кое тој ги критикуваше граѓанските организации, СДСМ, странските партнери на Македонија и Специјалното јавно обвинителство, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи.
Иванов, меѓу другото, вчера рече дека нема намера да си поднесе оставка за одлуката за аболирање на 56 лица.
На „Твитер“ под хаштагот „Хорхе“ се појавија илјадници шеги на сметка на Иванов.
Кога #Хорхе се појавува со обраќање на телевизија, луѓето три дена се поздравуваат со:
Хорхе е глуп !
– Навистина е глуп !— Ебачот од Никарагва (@cherga_omnes) June 22, 2016
Според ставовиве на твитер за #Хорхе, се прашувам кој гласал за него. И тоа 2 пати??? — Dzoster (@Dzoster) June 22, 2016
Ни должат извинување сите оние кои во 2009та и 2014та го гласаа #Хорхе
— Алчинов (@DAlcinov) June 22, 2016
Во чест на #Хорхе мора да организираме секоја година #Хорхејада – стендап шоу, гафови, кловнови и глупости се во едно. Да му оддадеме почит! — Nak Urov (@Nak_Urov) June 22, 2016
#Хорхе има талент што сите му го потценувате: вешто знае како сѐ повеќе да нѐ нервира. Една утакмица имаше 6гола,на таа најде прес да прави!
— Револуционерка (@jungle_dancer) June 22, 2016
Време е #Хорхе да го казнат 600 евра за навреда на функцијата Претседател — Ивица (@ivica1958) June 22, 2016
едноминутен молк за сите страдалници кои се дел од летната школа за лидерство на #хорхе. ебати лидерите што ќе станат! #шаренареволуција
— Kihu Potru (@Potru) June 22, 2016
Неодговорни политичари бараат од мене да превземам одговорност #Хорхе — Гатам на премиери (@seirdotmk) June 22, 2016