Забава На „Евровизија“ забранети знамињата на Косово и на Исламска држава

На „Евровизија“ забранети знамињата на Косово и на Исламска држава

На годинешното натпреварување за песна на „Евровизија“ забранети се знамињата на Косово, Исламска држава, Палестина, Крим, Доњецка Република, Нагорно Карабах и на Северен Кипар, соопштија организаторите.

За време на настанот во Стокхолм, Шведска, во салата нема да биде можно да се внесат тие знамиња.

За одлуката на организаторите можно е да се поднесат жалби.

Покрај тие знамиња, нема да биде можно да се внесуваат ниту знамиња или транспаренти со пораки од политичка или верска природа кои организаторите ги сметаат за непримерни.