Економија На двете сметки на Црвен крст собрани 766.848 евра

На двете сметки на Црвен крст собрани 766.848 евра

На жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 33.944.220  денари или 551.938 евра, а од донирањето 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400, собрани се 13.217.000 денари, односно 214.910 евра, или вкупно 766.848 евра, соопштија од Црвен крст.

Досега, како што известија од Црвен крст, нивните екипи дистрибуирале:

  • 33.084 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица);
  • 31.004 дневни и топли оброци;
  • 46.013 литри млечни производи;
  • 6.446 пакети со хигиенски производи;
  • 2.109 бебешки пакети;
  • 314 тони вода;
  • 574 душеци;
  • 4.408 ќебиња;
  • 600 килограми облека;
  • 734 пара чизми;
  • 341 литар дезинтал.

Акцијата за собирање помош продолжува до 29 август, а собраните средства потоа ќе бидат линеарно распределни на семејствата кај кои е извршена проценка на штетата.