Македонија На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детска клиника починало бебе од компликации од морбили

На Детската клиника вчера, по повеќе од две недели лекување на Интензивна нега, починало десет и пол месечно бебе, кои имало тешки компликации од морбили, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега.

Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано. Тоа добило тешка пневмонија и мозочно крварење.

Во текот на изминатата недела во ИЈЗ биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.