Македонија На „Денот на дрвото“ редовно ќе се извршуваат закажаните прегледи

На „Денот на дрвото“ редовно ќе се извршуваат закажаните прегледи

В среда сите јавни здравствени установи ќе работат редовно и ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции, информираат од Министерството за здравство. Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“, нема одложување и на закажаните хируршки интервенции. Во рамките на проектот „Мој термин“, за тој ден се закажани повеќе од 8.000 прегледи на пациенти и повеќе од 500 операции.

Преостанатите служби во установите кои не се поврзани со закажани термини, ќе се приклучат на акцијата „Ден на дрвото“, и овој ден дополнително ќе го одработат, информираат од Министерството за здравство.