Свет На аеродромот во Шарм ел Шеик имало безбедносни пропусти

На аеродромот во Шарм ел Шеик имало безбедносни пропусти

Официјални лици од аеродромот во Шарм ел Шеик оцениле дека долго време постоеле безбедносни пропусти, вклучувајќи го и уредот за скенирање на багажат, кој често не работел. Освен тоа, често се случувало и недоволно да се проверат патниците пред да влезат во авион.

Безбедносни официјални лица од аеродромот во Шарм ел Шеик кои сакале да останат анонимни, рекле дека ги известиле своите претпоставени за дефектот на уредот за преглед на багажот, но тој не бил заменет.

Едно од лицата кои го обезбедуваат аеродромот рекло дека и слабо платените полицајци на аеродромот земаат мито, додавајќи дека повеќепати забележал како пропуштаат торби полни со дрога или оружје за десет евра.

Египетските власти соопштија дека е покрената истрага за сите вработени на аеродромот кои имале каква било врска со урнатиот руски авион.

Русија и Велика Британија и денеска продолжуваат со враќање на своите туристи од египетските летувалишта.

Британската влада и неименувам американски функционер изјавиле дека постојат информации што укажуваат на тоа дека експлозија на бомба била причина за падот на авионот, додека Русија и Египет сметаат дека сè уште е рано за дефинитивен заклучок за причината за несреќата во која загинаа 224 лица.