Македонија МЗ: СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на...

МЗ: СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството

Министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата пред законодавниот дом, се вели во реакција од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека се благодарни на СДСМ што им дава можност во законодавниот дом да бидат соочени фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега.

„Со користење на инструментот интерпелација, СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството и со конкретни податоци да разговараме за проекти и за реформи реализирани во здравствениот систем“, се вели во одговорот од Министерството за здравство.