Главна секција МЗ: Откриен првиот случај на сојот Омикрон во земјава

МЗ: Откриен првиот случај на сојот Омикрон во земјава

Фото: Alexandra_Koch, Pixabay.com

Министерството за здравство (МЗ) информира дека денеска е откриен првиот случај на коронавирус-сојот Омикрон во земјава.

Секвенционирањето е направено во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, кај маж кој допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер.

По втор пат позитивен тест на ковид-19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон.

„Во моментов пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом“, соопшти МЗ.