Македонија МВР: Во Скопје вчера санкционирани 325 возачи, од кои 128 за пречекорена...

МВР: Во Скопје вчера санкционирани 325 возачи, од кои 128 за пречекорена брзина

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје, вчера биле изречени вкупно 325 санкции, информираат од МВР.

Полициските службеници напишале казни на 18 лица за возење без возачка дозвола, додека 128 прекршоци биле констатирани за пречекорување на дозволената брзина на движење од возачите. Полицијата само вчера во Скопје регистрирала 11 технички неисправни и нерегистрирани возила, а биле санкционирани и 9 мотоциклисти.

Во текот на вчерашниот ден изречени се 78 мерки за непрописно паркирани возила, додека дополнителни 74 возила биле подигнати со пајак. Изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се наведува во соопштението на МВР.