Македонија МВР вчера казнило 332 возачи во Скопје, од кои 109 за пречекорена...

МВР вчера казнило 332 возачи во Скопје, од кои 109 за пречекорена брзина

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени биле вкупно 332 санкции, информираат од МВР.

Најмногу казни биле напишани за пречекорување на дозволената брзина на движење (109 прекршоци), 48 казни се за технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението на МВР.