Македонија МВР вчера казнило 224 возачи во Скопје, од кои 20 за управување...

МВР вчера казнило 224 возачи во Скопје, од кои 20 за управување со брзина поголема од дозволената

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден (05.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени биле вкупно 224 мерки, од кои 20 за управување со брзина поголема од дозволената, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 за користење на мобилен телефон, 6 за непрописно престигнување и обиколување и 8 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден акциските контроли во областа на сообраќајот ги сконцентрирало на територијата на општина Илинден.

„На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 88 мерки, од кои 11 за управување со брзина поголема од дозволената, 6 за возење без возачка дозвола, 2 за минување на затворен семафор (црвено светло), 6 санкции за користење на мобилен телефон, 8 за возење под дејство на алкохол, 5 за техничка неисправност и нерегистрирани возила“, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.