Македонија МВР уапсило седдумина што се бореле во Сирија и Ирак

МВР уапсило седдумина што се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, биле уапсени седуммина македонски државјани за кои постои основан сомнеж дека како терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

Се работи за С.Р. (1990), Џ.А. (1993), Б.Ф. (1994), О.Ж. (1987), Е.О (1994), И.Ш. (1977) и А.М. (1995). За нив била распишана меѓународна потерница и биле поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016).

„Согласно Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Република Македонија спроведува програми за дерадикализација на странските терористички борци во затворите, презема активности за зголемување на свесноста за ризикот и заканите од тероризмот и ги зајакнува механизмите за превенција од радикализација на локално ниво“, стои во соопштението од МВР.