Дописници МВР истражува како куршумот завршил во ногата на битолскиот функционер на СДСМ

МВР истражува како куршумот завршил во ногата на битолскиот функционер на СДСМ

СВР Битола потврди дека денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник.

Оттаму за „Мета“ велат дека се врши увид и вештачење, а за подоцна најавија повеќе информации.

Инаку, настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар.

Куршумот, како што дознаваме, завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност.

Засега не се знае кој и од каде пукал.

Информацијата за случајот со голема брзина се рашири низ градот, внесувајќи немир меѓу граѓаните.