Македонија МВР испрати 98 товарни возила на вонреден технички преглед

МВР испрати 98 товарни возила на вонреден технички преглед

Фото: Министерство за внатрешни работи

Речиси 100 камиони и комбиња биле исратени на вонреден технички преглед  за време на вчерашната акциска контрола на МВР за казнување возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

„При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило, 19 за техничка неисправност на уредот за запирање, три за претовар, 10 за неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека при контролата санкционирани се и 121 останати прекршоци и дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.