Македонија МВР го зголемува бројот на полицајци за 6 проценти

МВР го зголемува бројот на полицајци за 6 проценти

Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за прием на 600 полицајци.

Како што се наведува во огласот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435, а другите во останатите градови во земјата.

Според податоци кои „Блумберг“ ги објави во 2008 година, во Македонија имало 9.905 полицајци.

Во 2014 година Иво Котевски изјавил дека имаме околу 8.500 полицијаци, а според буџетот за плати во Министерството за внатрешни работи (вклучувајќи ја и администрацијата) имало 10.925 вработени.

Избраните кандидати, соопштува денеска МВР, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, што ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.