Македонија МВР: 56 лица не ја почитувале забраната за движење од нив 36...

МВР: 56 лица не ја почитувале забраната за движење од нив 36 се приведени

Според статистиката на МВР, изминатото деноноќие 56 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на целата држава, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

„На 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација,“ информираат од МВР.