Свет Европа Муизниекс: Одлуката на Унгарија за оградата е погрешна

Муизниекс: Одлуката на Унгарија за оградата е погрешна

Европскиот претставник за човекови права, Нилс Муизниекс, на својот твитер-профил напиша дека одлуката на Унгарија да изгради ограда за да спречи доаѓање на илегални мигранти е „погрешна“. Муизнеикс истакна дека фокусот треба да биде на оние кои бараат азил, а не тоа да им се оневозможи.

Унгарија во средата донесе одлука долж целата граница со Србија да изгради четири метри висока ограда за да го оневозможи влезот на имигранти во земјата.