Македонија Муцунски се сомнева дека министри и безбедносни структури со државни ресурси финансираат...

Муцунски се сомнева дека министри и безбедносни структури со државни ресурси финансираат проруски медиуми

Фото: Фејсбук профил на пратеникот Тимчо Муцунски

Градоначалникот на скопската општина Аеродром, Тимчо Муцунски во своето гостување на Радио Лидер потенцираше дека постои сомнение кое што доаѓа и од надвор од Македонија дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во земјата финансираат проруски медиуми преку користење на државни ресурси, информираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што вели Муцунски во интервјуто, овие медиуми ширеле кампања спротивна на интересите на нашата држава „како земја членка на НАТО“.

Притоа, градоначалникот на Аеродром не наведе за кои владини претставници, министри или безбедносни структури во земјава станува збор, ниту пак го обелодени името на акционерското друштво во доминантна државна сопственост преку кое наводно се издвоиле финансии за проруски медиуми.